Во период од 27.11.2019г. до 1.12.2019г. во Банско, Р.Бугарија се одржа интернационалниот фестивал на уметост „Morning star“. На фестивалот учествуваа и ученици од Гимназијата „Добри Даскалов“-Кавадарци под менторство на професорката Гордана Еленова. Тие ја изведоа комедијата „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ. Нивниот успех беше забележан и награден од страна на жирито со II награда во категоријата драма.
Самиот фестивал е една масовна манифестација на која се претставија околу 2000 учесници од повеќе земји кои се натпреваруваа во разни категории – драма, пеење, модерен танц, фолклорни танци и др.
Манифестацијата e убава можност учениците да ги покажат своите таленти и она што го прават во слободното време, а воедно е и место каде се разменуваат искуства и запознаваат други култури.