Француски јазик – Регонален натпревар по спелување


Објавено на: 03.12.2014

На 29.11.2014 во нашето училиште по прв пат се одржа регионалниот натпревар по спелување на француски јазик организиран од Здружението на професори по француски јазик во Македонија. Натпреварот се организира за учениците од седмите одделенија од основните училишта и за учениците од втора година од средните училишта.Во првата категорија учествуваа осум ученици од основните училишта “Гоце Делчев” и “ Страшо Пинџур” од Неготино и ученици од училиштето “Тоде Хаџи-Тефов” од Кавадарци.Во категоријата средни училишта учествуваа учениците од втора година Блаже Мукаетов ,Драгана Крстева и Владанка Пончева од нашето училиште.Нашите тројца ученици и најдобрите шест во категоријата седмо ќе учествуваат на Државниот натпревар во спелување што ќе се одржи на 13.12.2014 на Филолошкиот Факултет во Скопје.

Е па Блаже,Драгана и Владанка bon travail et bonne chance au Concours national !!!!!!!!!

Регионален координатор: Светлана Несторова -Мицев