На 1 април 2014 во Домот на АРМ во Скопје се одржа завршната прослава по повод Март –месец на Франкофонијата во организација на Здружението на професори по француски јазик на Македонија ,Франкофонскиот круг на Македонија и Францускиот Институт од Скопје.
Учениците од нашето училиште беа поканети да земат учество со дел од програмата (Што го прави белгиското чоколадо единствено?) од Франкофонската вечер што се одржа на 18.12.2013 во Домот на Културата во Кавадарци.