Гимназијата “Добри Даскалов” реализира нови активности од Erasmus+ проектот “Save your future” на кој учествуваа и партнерските училишта од Италија, Романија и Турција

Во периодот од 16 до 22 март 2025 год. ученици и професори од гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, беа учесници во повеќе реализирани активности заедно со партнерските училишта од Романија, Италија и Турција, која беше домаќин на проектот. Овој пат учениците кои беа дел од овој проект реализиран во училиштето во Турција, имаа можност да се запознаат со културата и обичаите на нивните врсници, како и со сите проекти кои тие ги реализираат како наставни и вон-наставни активности. Преку повеќе организирани активности, учениците и професорите имаа можност да се запознаат и со природните убавини кои ги нуди Турција.

Преку проектот Зачувај ја својата иднина – Save your future во делот “Што се пари?” – “What is money?” реализиран низ низа активности, учениците имаа можност да се стекнат со финансиска писменост и добри потрошувачки навики.