Во текот на оваа недела од 14-18 октомври 2024 год. ученици и професори во Гимназијата Добри Даскалов Кавадарци реализираа повеќе активности со партнерските училишта од Италија, Романија и Турција на која учениците од партнерските земји ги продолжија активностите предвидени во проектот, овој пат во Гимназијата како домаќин. Директорот на гимназијата м-р Зоран Милевски заедно со проф. по англиски јазик Христинка Косовска, им посакаа добредојде на сите ученици и професори вклучени во проектот и успешна соработка, додека пак ученици од гимназијата ги запознаа своите врсници за актуелните проекти и активности во кои што тие се вклучени и ги реализираат како вон-наставни активности.
Проектот Зачувај ја твојата иднина – Save Your Future, има за цел да се развие во широк опсег од навики за потрошувачка и свесно трошење, па сè до финансиска писменост. Тој е дизајниран за заеднички развој на меѓусебно поврзани компетенции. Целта што сакаме да ја постигнеме е да се осигураме дека потрошувачките навики на нашите ученици се чувствителни на животната средина, нивните навики за трошење се ефикасни и самите ученици имаат вештини за финансиска писменост.
За имплементација на проектот ќе бидат креирани видеа (кратки филмови / огласи за јавен сервис), блог постови, дигитални постери и цртани филмови. Исто така ќе биде креирана е-книга што ќе ги содржи проектните активности од целиот проект.
Во овој проект СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци е партнерско училиште со средните училишта Liceul Technologic Ticleni од Романија, Mustafa kemalpasa Anadolu Lisesi од Турција и Istituto Tecnico Commerciale Statale F. Scarpellini од Италија.
Во завршните денови од проектот учениците од партнерските училишта го посетија Собранието на Р. Македонија и Музејот на Народна банка.