Гимназијата e домаќин на третата работилница од проектот HELP во рамките на Еразмус+
Објавено на: 15.10.2019
Нашето училиште е домаќин на третата работилница од Еразмус+ проектот HELP – Heritage Education Learning Program, како патнер училиште во рамките на програмата Еразмус+ стратегиско партнерство.
Во текот на оваа недела ќе се реализира мобилноста во нашата земја со партнер училиштата Agrupamento de Escolas Camilo Castelo Branco од Nova de Famalicão, Португалија, Galatasaray Lisesi од Истанбул, Турција и Escola Secundária da Ribeira Grande од Ribeira Grande, Португалија.
Во простиите на гимназијата им беше посакано топло добредојде на учесниците во проектот каде што беа поздравени од директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова, а учениците под менторство на професори од гимназијата подготвија културно уметничка програма.
Целта на проектот е проучување и проширување на знаењата за културните наследства на земјите со акцент на креирање на презентации, видеа и останати содржини за промоција на културните наследства.