Голем успех и нов предизвик на полето на математиката


Објавено на: 08.03.2012

Благодарение на трудољубивоста,посветеноста и љубовта кон природните науки, Љупчо Петров, ученик во III година е еден од најуспешните математичари во нашето училиште. Неколку години по ред постигнува завидни резултати на полето на математиката.

Минатата година освои бронзен медал учествувајќи на Македонската олимпијада по математика која се одржа во Скопје.

Ова беше поттик за нови успеси. Оваа година под менторство на проф.Соња Попова, Љупчо освои прво место на Регионалниот натпревар по математика за ученици од средно образование во учебната 2011/2012 година. На овој натпревар зедоа учество ученици од Кавадарци, Валандово, Неготино, Гевгелија, Велес и Богданци. Натпреварот се одржа во СОУ „Јосиф Јосифовски” во Гевгелија на 24.02.2012 година.

Победникот на овој натпревар, Љупчо Петров, оди на Републички напревар по математика кој ќе се одржи во Скопје кон крајот на месец март.

Му посакуваме многу среќа.