Учениците од I-1 клас од Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци самоиницијативно реализираа хуманитарна акција под мотото „Подај рака“ за собирање на алишта. Во акцијата беа вклучени 34 ученици, а само за еден ден се собрани 30 пакети со алишта. Денес пакетите заедно со претставници од Црвен Крст- Кавадарци ги предадоа на социјално ранливите граѓани, на оние на кои оваа помош им е најпотребна во овие зимски денови. Хуманиот гест на овие ученици нека биде поттик и за останатите ученици во градот да ја покажат својата хуманост на дело, да го споделат она што го имаат со другите и насмевката на другите да ги прави посреќни и поисполнети во животот.
{qtube vid:=_oaOe2zd3fU}
*Видеото е извадок од вестите на локалната КТВ телевизија