Учениците од I-1 клас со најдобар просечен успех на ниво на I година


Објавено на: 26.01.2017

Учениците од I-1 клас со најдобар просечен успех на ниво на I година. Континуираното учење, трудољубивоста, добрите работни навики вродија со плод! Учениците од I-1 клас, класен раководител Ленче Анѓушева- Чаушева на крајот од I-то полугодие во учебната 2016/2017 година постигнаа највисок просечен успех на ниво на I година, а воедно имаа и најмало просечно изостанување. Учениците беа на прием кај Директорката на Гимназијата Невенка Поп-Ангелова, која срдечно им честита за постигнатиот успех и им посака да продолжат и понатаму да учат и да постигнат уште поголем успех на крајот од учебната година. Класниот раководител, а воедно и професор по англиски јазик кажа за учениците дека навистина се трудољубиви, примерни и периодот на прилагодување кон новата средина го поминале мошне брзо прифаќајќи ги сите обврски без никакви приговори и жалби. За часовите по англиски јазик професорката кажа дека се добри, но ќе мора уште повеќе да учат и вежбаат за да го совладаат што подобро англискиот јазик. Учениците кажаа за омилените предмети, за предмети што најмногу треба да учат и за други настани од секојдневниот училишен живот.

Ucenici-odlicen-uspeh1

Ucenici-odlicen-uspeh3

Ucenici-odlicen-uspeh2