Од 29.11 до 2.12.2012 година, во Банско Р.Бугарија се одржа VII меѓународен фестивал на таленти „Утринска ѕвезда“.
Учениците од гимназијата „Добри Даскалов“ се претставија со мјузиклот „Во ритамот на љубовта“ и го освоија I место.
Извонредната кореографија,прекрасната музика, костимографијата го направија настапот гламурозен и совршен,а членовите на стручното жири и публиката во салата беа воодушевени од позитивната енергија на учениците и соживувањето со улогите и времето од овој мјузикл.
Секоја работа вродува плод,па така и учениците работеа два месеца со многу љубов и ентузијазам,но резултатот е видлив и на радост на сите не вброи меѓу најдобрите, кои години наназад ги освојуваме наградите на фестивалите.
Патувањето на фестивалот го овозможи Градоначалникот Александар Панов и Советот на општина Кавадарци за што учениците-учесници јавно им се заблагодаруваат.
Ова е голем успех за нашата гимназија која е на врвот во Републиката како најнаградувана на сите полиња. Директорката Невенка Поп-Ангелова максимално ги поддржува сите проекти на учениците,а со помош на Градоначалникот успешно ги реализираме и се афирмираме како училиште не само во републиката туку и надвор од неа.