I награда на регионалните хорски смотри


Објавено на: 25.04.2013

На 24 април 2013 год. во ООУ „Тошо Велков -Пепето“ Кавадарци се одржаа регионалите хорски смотри на кои учество зема хорот од гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци под менторство на проф. по музичка уметност Златко Смилевски. Учениците одлично се претставија со три композиции и го освоија I-то место, а со тоа се пласираа на Републичките хорски смотри кои се одржуваат традиционално во Кавадарци во месец мај.