II награда на Државниот натпревар по Биологија


Објавено на: 24.05.2014

На 17.05.2014 година во Скопје на Природно-математичкиот факултет на Институтот по биологија се одржа Државниот натпревар по биологија за учениците од средните училишта. На Државниот натпревар учествуваа најдобрите ученици кои на регионалните натпревари освоиле I, II и III место.

Учениците од гимназијата ,,Добри Даскалов” уште еднаш покажаа дека се наоѓаат меѓу најдобрите во нашата земја и достоинствено го представија нашето училиште и нашиот град. На натпреварот учествуваа 8 ученици од нашето училиште во различни конкуренции.

 1

Од вкупно 97 ученици од цела Македонија, од гимназиско и стручно образование, тие ги постигнаа следниве резултати:

Ученичката Симона Богева од 2-1 клас под менторство на проф. по биологија Богде Коцева ја освои II (втората) награда. Под менторство на проф. по биологија Елизабета Иговска, учениците од прва година, Драгана Крстевска од 1-5 клас, Ѓурѓица Панова од 1-2 клас и Васил Митревски од 1-4 клас се здобија со пофалници, а исто така, пофалница доби и Фиданка Арсова од 3-1 клас.

На сите учесници и ментори им честитаме за успехот и им посакуваме успешна работа и високи резултати во иднина.

2