Од 20 до 23. 11. 2014 година во Банско, Р. Бугарија, се одржа тринаесеттиот меѓународен фестивал „Утринска ѕвезда“. Учениците од Гимназијата се претставија со театарската претстава „Шекспир пред врата” и освоија III место. Ова е уште еден успех на меѓународно ниво со кој се докажува дека Кавадаречките гимназијалци се меѓу најдобрите и од сите натпревари и фестивали се враќаат со освоена награда.