III Место на Регионалниот натпревар Наноматеријали на ТМФ Скопје
Објавено на: 07.04.2016
На 25.03.2016 година на универзитетот Св. „Кирил и Методиј“-Скопје под покровителство на Министерството за образование и наука беше одржан регионалниот натпревар на средните училишта Наноматеријали-материјали на иднината-2016година.Натпреварот се одржа на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Од нашата гимназија учествуваа 5 екипи со учество од предметите биологија, хемија и физика.
Учениците Васил Митревски и Македонка Пецова под менторство на професорката Елизабета Иговска го освоија третото место со проект по предметот биологија „Користење графенски наноструктури за секвенционирање на ДНК“ .