III место на Меѓународниот фестивал ,,Утринска ѕвезда”


Објавено на: 12.12.2016

Од 1-4 декември 2016 год. во Банско, Р. Бугарија се одржа  Меѓународниот фестивал „Утринска ѕвезда“. Учениците од нашата гимназија настапија со мјузиклот „Матуранти“, под менторство на проф. Кочо Кочов. Извонредната кореографија, костимографија и песните кои учениците ги изведоа, оставија навистина силен впечаток, како на публиката, така и на стручното жири, кое им ја додели III-та награда. Ова е уште еден успех на кавадаречките гимназијалци кои години по ред се меѓу најдобрите и се враќаат со освоена награда. Оваа награда не прави посебно горди и мотивирани да продолжиме понатаму.