Инфо-ден на Дете правобранител


Објавено на: 04.11.2022

На ден 19.10.2022 година Дете правобранителот во нашето училиште Блаже
Игнатовски заедно со замениците Данка Стојкова и Филип Попов реализираа Инфо-ден
преку кој ја промовираа нивната функција. Преку разговор и делење флаери како
пропаганден материјал децата правобранители ја доближија нивната фукција до сите
ученици и во сите класови. Учениците од прва година имаа можност да се запознаат со
функцијата Дете правобранител, како да ги остварат и заштитат нивните права во
училиштето. Преку делењето на пропагандниот материјал учениците беа охрабрени да го
пријавуваат прекршувањето на нивните права во училиштето, како од страна на
вработените така и од страна на соучениците.