Гимназијалците ја прославија матурската вечер


Објавено на: 17.05.2013

Насмеани лица, расположени срца, искрени насмевки. Младост, убавина, пријатна атмосфера. Добра музика, DJ, незапирлива игра.

Малку се овие зборови да се опише синоќешната матурска вечер која претставуваше круна на четиригодишното школување и другарување.

Свеченото прославување го отвори директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова која ги поздрави учениците, им го честита матурирањето и најискрено од срце им посака: „Ден без смеа и ден без љубов е ден без живот. Затоа смејте се, љубите и уживајте во животот“.