Во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето“ кој во нашето училиште се реализира од 2011 година во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА и Биро за развој на образованието на Р . Македонија во нашето училиште постои и функционира институцијата Дете правобранител.
Дете Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави на сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето.
По издадениот повик во текот на месец октомври 2019 година, на ден 11.11.2019 година од редот на пријавените кандидати по пат на интервју Тимот за Ресурсен пакет во кој учествува Директорката Невенка Поп-Анѓелова и наставниците членови на тимот, за Дете правобранител ја избра ученичката Софија Секуловска од III 5, a за заменици на Дете правобранител ги избра учениците Стефан Стојанов од III 5 и ученичката Дијана Ѓоргова од II 6. На избраните ученици им посакуваме успешна работа на новоизбраната функција која ќе ја извршуваат во мандат од две учебни години.