Избран Дете правобранител и двајца негови заменици
Објавено на: 08.11.2023
Во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето“ кој во нашето училиште се реализира од 2011 година во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА и Биро за развој на образованието во нашето училиште постои и функционира институцијата Дете правобранител.
Дете Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето.
По издадениот повик во текот на месец октомври 2023година, на ден 01.11.2023 година од редот на пријавените кандидати по пат на интервју, членови на Тимот за Ресурсен пакет за Дете правобранител ја избраа ученичката Сандра Кадиова од II6, a за заменици на Дете правобранител ги избраа ученичките Александра Србиновска од II7 и Лилјана Лазова од I3. На избраните ученици им посакуваме успешна работа на новоизбраната функција која ќе ја извршуваат во мандат од две учебни години.