На ден 24.10.2024 година (четврток) се одржа Втората седница на Ученичкиот парламент на која беше избран претседател и заменик претседател на Ученичкиот парламент за учебната 2024/2025 година.
По упатениот Повик на Првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент за избор на претседател се пријавија двајца кандидати: Методи Јованчев и Игнат Петров, ученици од четврта година. Учениците се претставија пред присутните со програма за работа на Ученичкиот парламент и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да аплицираат за оваа функција. По извршениот избор преку тајно гласање за претседател на Ученичкиот парламент во учебната 2024/2025 година членовите на Ученичкиот парламент го избраа ученикот Методи Јованчев, а за заменик-претседател ученикот Игнат Петров. Седницата ја водеше Тамара Танчева, ученичка од втора година.
На седницата присуствуваа директорот на училиштето м-р Зоран Милевски, професори и членовите на Ученичкиот парламент. Директорот на училиштето им упати честитки на претседателот и заменик претседателот и им посака успешна работа и длабока соработка.