011

Избран претседател на Училишната /Младинска организација

На ден 07.10.2015 година (среда) во училишната кино сала се одржа Втората седница на Училишната /Младинска организација со цел избор на претседател и заменик претседател во учебната 2015/2016 година.

011

026

По упатениот Повик на Првата конститутивна седница на Училишната /Младинска организација за избор на претседател заклучно со 06.10.2015 година (вторник) за претседател на Училишната /Младинска организација аплицираа пет кандидати: Сандра Костова, Александра Илкова, Десанка Малќиќ, Дијана Димова и Дарко Милошев. Учениците се претставија пред присутните со програма за работа на Училишната /Младинска организација и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да аплицираат за оваа функција. По извршениот избор преку тајно гласање за претседател на Училишната /Младинска организација во учебната 2015/2016 година беше избрана ученичката Сандра Костова, а за заменик претседател беше избрана ученичката Десанка Малќиќ.

002

На присутните им се обрати Директорката Г-ѓа Невенка Поп Ангелова, а на претседателот и заменик претседателот им посака успешна работа.

Седницата ја водеше ученичката Драгана Крстевска, а присуствуваа претседателите и заменици претседатели на класовите, Директорката Г-ѓа Невенка Поп Ангелова, училишниот педагог, психолог, одговорниот наставник Наташа Матакова и претставници на невладината организација СЕГА.

001

034