Кампања за Денот против гладот


Објавено на: 17.10.2010

 DenProtivGladot1

Меѓународниот ден на гладот -16 Октомври, со бројни активности се одбележува насекаде во светот. Општинската организација на Црвен крст, Кавадарци во соработка со нашето училиште, мобилизира ученици – доброволци коишто имаа задача да поделат талони, вредни 20 денари, во сите основни и среди училишта од градот, сите организации, институции, градски локали, туристички агенции и сл.

За еден таков талон граѓаните донираа, за да им се помогне на децата од социјално загрозените семејства, старите, немоќните и инвалидните лица, како и за помош при елементарни несреќи.

Чувството дека навистина направиле хуман гест со купувањето на овој вредносен талон треба да го имаат сите свесни граѓани кои допринесоа за оваа акција да успее.

Хуманоста преку доброволната акција ја покажаа нашите ученици коишто беа вклучени во оваа кампања: Евгенија Галева II-1, Кети Нетковска II-1, Романа Ристов II-1, Благица Ѓорѓиева II-2, Моника Петковска II-2, Деспина Алексовска II-3, Софија Ристова II-2, Јане Костов II-3, Моника Миленкова II-4, Радица Несторова II-4, Никола Јосифов II-4, Енеса Алимова II-5, Радица Исакова II-5, Сандра Манева II-5, Митко Ристов II-5, Елена Лазарева II-6, Ристе Наумов II-6, Александра Тодорчева II-6, Илија Атанасов II-7, Митко Марков II-7, Гордана Ристова II-7, Ивона Рамнешова II-6, Наталија Јошева II-6.

Реалната и сурова вистина со факти зборува дека во Африка дури 46% од населението нема доволно храна, во Азија, 20% од луѓето гладуваат, потоа во Источна и Централна Европа има 19% гладни и во Латинска и Северна Америка 14%, односно 13% гладни.

DenProtivGladot2

Со оваа кампања на борба против гладот, сигурно нема да се реши проблемот на семејствата кои се наоѓаат во ситуација да не можат да се прехраната себе си и своите деца, но можеби барем малку ќе

DenProtivGladot4

се ублажи нивното страдање. Ваквите акции треба да ги поттикнат луѓето почесто да размислуваат како да им помогнат на своите сограѓани. Се надеваме дека и во иднина нашите ученици и многу други млади луѓе доброволно ќе се вклучуваат во други вакви акции и кампањи, со што ќе допринесат за внесување искра надеж и среќа во нечие срце.