P9230110

Кавадаречките гимназијалци направија велосипедска парада

Наместо автомобили, кога е можно, да се користат велосипеди бидејќи е поевтино, поздраво и полесно за сообраќајот, беше пораката која вчера ја упатија средношколците од Kавадарци. Стотината гимназијалци од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ на велосипеди продефилираа низ градските улици меѓу кои имаше и професори.

P9230110

 

P9230118

Акцијата ја организира средното општинско училиште под менторство на проф. по спорт и спортски активности Блаже Велков и Блаже Клинчаров, а во соработка со кавадаречката полициска станица. Поддршка дадоа и градоначалникот на Kавадарци и градскиот Совет како и компанијата „Kожувчанка“. 

P9230100


– Kавадарци важи за еден од градовите во кои има најмногу автомобили во државата и затоа ние упатуваме апел секогаш кога условите дозволуваат, наместо автомобили, да се користат велосипеди – порача Димитар Kаракулев, инспектор во кавадаречката полиција. 

P9230121

На градскиот плоштад гимназијалците ги поздрави градоначалникот Александар Панов, кој порача ваквиот пример да го следат и другите граѓани. Да возат велосипеди наместо автомобили кога е тоа изводливо и со тоа да придонесат за побезбеден и почист град. 

P9230122

Текстот е преземен од дневниот весник „Дневник“