Кефир-природен јогурт и пробиотик
Објавено на: 16.03.2019
Подобрувачи на човековото здравје се пробиотиците кои се застапени во кефирот кој е млечно кисел производ од млечни бактерии и кефирни габички. Тој е подобрувач на здравјето на човекот, што потекнува од Кавказ и дава долговечност.
Учениците направија пано со текстови, слики и свеж материјал-кефир на 13.03.2019 г. Ученици што учествуваа на презентацијата се Бранко Еленов, Ана Клинчарова, Стојанчо Вангелов од II година и Анастасија Иловска од III година, под менторство на наставниците биолози Елизабета Иговска и Богде Коцева. Се изврши и дегустација на кефир со учениците и колегите од гимназијата за што имаше различни коментар.