KlioIstorija_1

Клио – квиз на знаење од историја

Љубовта кон историјата како наука,желбата на учениците за знаења за нивната татковина заедно со волјата и вложениот труд се одлична комбинација за успех. Благодарение на тоа што имаме богата историја, но и на тоа што имаме вредни и успешни ученици и оваа година се одржа квизот Клио по историја. Квизот беше организиран од страна на професорите по историја проф. Наташа Матакова и проф. Блаже Јованов.

Со цел да се изберат најдобрите ученици кои ќе се натпреваруваат на квизот, за време на зимскиот распуст се одржа мал натпревар на знаења по историја и со тоа се направи селекцијата на петте најдобри ученици, кои влегоа во финалето, како натпреварувачи во квизот. Најдобри резултати покажаа учениците: Анѓела Андонова-I4, Андријана Тасева-II5, Маријана Јаневска-I5, Цветанка Баштованова-I7 и Емилијан Мишков-III1 .

KlioIstorija_1

Квизот имаше за цел да го зголеми интересот на учениците кон нашата историја, но исто така и да ги мотивира, за да го покажат натпреварувачкиот дух и знаење.

Квизот се одржа на 04.03.2011 година, во училишната кино сала и беше составен од четири интересни игри. Низ содржините на квизот напреварувачите ги водеше Тијана Дукова, ученичка од IV година, којашто на почетокот ги поздрави сите присутни и им посака топло добредојде. Содржините на игрите беа интересни, забавни и им овозможија на натпреварувачите да го покажат знаењето што го усвоиле од нашата историја.

KlioIstorija_2

Во игрите „Одбери го точниот одговор“ и „Одговори точно“ учениците немаа потреба од креативно размислување, туку им беше потребно само стекнатото знаење. Но затоа пак во последните две игри „Кој сум Јас?“ и „Асоцијации“, кај учениците се поттикна и се разбуди логичкото мислење, а натпреварувачкиот дух доживеа кулминација, односно постигна највисоко ниво.

За регуларноста и објективноста на квизот се погрижи тричлената комисија во состав на професорите по историја Блаже Јованов и Горан Пановски, а ученичката Невенка Ридова беше член, претставник од училишната комисија. Во подготовките и текот на квизот се вклучија и учениците Тијана Дукова како водител, Ѓорѓи Костов и Магдалена Стоева.

KlioIstorija_3

Сите натпреварувачи покажаа одлично знаење од историјата на македонскиот народ. Првото место според постигнатите резултати го освои Емилијан Мишков, ученик од трета година и директно се пласира за учество на Државниот натпревар по историја, којшто оваа година ќе се одржи во Кратово. Но, професорите по историја ги изненадија учениците кога им соопштија дека и второпласираниот ќе учествува на Државниот натпревар по историја. Андријана Тасева, ученичка од втора година беше второпласирана и таа доби можност заедно со Емилијан да го претставуваат нашето училиште. Третопласирана беше ученичката од прва година Маријана Јаневска, меѓутоа таа нема да учествува на Државниот натпревар, но може да се гордее на нејзиниот постигнат резултат.

KlioIstorija_4

Нашето училиште е истакнато и познато по натпреварите и другите креативни воннаставни активности кои ги организираат професорите заедно со учениците. Се надеваме дека учениците – финалисти достоинствено ќе се претстават на натпреварот. Наша гордост се нашите ученици, затоа ние искрено веруваме во нивната способност.