Традиционалниот есенски Саем на книгата во Кавадарци се одржа од 30. X до 4. XI 2017 г. во просториите на Градската библиотеката „Феткин“.
По тој повод челновите на Клубот на читатели при СОУ Гимназија „Добри Даскалов “, под менторство на професорката Катица Манева, го посетија Саемот и ги разгледаа штандовите полни со книги. Љубителите на уметничката литература имаа можност да набават одредени изданија со промотивни цени.
Членовите на Клубот на читатели одржааа состанок во просториите на Градската библиотека, при што учениците разговараа за прочитани дела, си препорачаа одредени автори и сл. Саемот на книгата секоја годинаа се одржува по повод месецот на книгата во рамките на Кавадаречката културна есен.
Текстот го напиша: Ружди Кесаси, ученик во III-5