Plakat gimnazija1

Конкурс за најдобар вокален интерпретатор, рецитатор и најдобра презентација

По повод 24 мај – Денот на словенските просветители Кирил и Методиј, СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци распишува конкурс за најдобар вокален интерпретатор, рецитатор и најдобра презентација. Ги покануваме наставниците по македонски јазик и литература, музичко образование, информатика и стручните соработници од основните училишта од Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, да ги охрабрат своите ученици од завршните одделенија (VII и VIII одд.) да се пријават на конкурсот.

Учениците што ќе учествуваат во конкурсот, нивните наставници – ментори и директорите на училиштата ќе бидат поканети на јавен настан со уметничка програма во мај 2014 година, во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Најдобрите во сите категории ќе бидат наградени, како и училиштето со најголем број пријавени учесници на конкурсот.

Plakat gimnazija1

Дизајнот на плакатот е на ученикот Душко Клинчаров III-2 клас под менторство на проф. по информатика Зоран Милевски

ПРИЛОГ 1

 Аудиција за најдобар вокал ( вокален интерпретатор )

 Време: 26.03.2014г. среда во 12:00 часот

 Место: СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” Кавадарци (Кино сала)

ПРОПОЗИЦИИ

 – Секој од кандидатите ќе се претстави со по една песна.

 – Песната е по сопствен избор но треба да биде од забавната, поп или рок музиката Песната може да биде од домашен или од странски автор – изведувач.

 – Секој од пријавените кандидати треба самиот да си обезбеди и да си понесе инструментална подлога за песната со која ќе настапи. Инструменталната подлога може да биде во вид на:

 а)  Матрица  (ЦД или УСБ стик)

 б) Гитарска придружба

 в)  Пијано придружба.

 – Просторијата каде ќе се изврши аудицијата ќе биде опремена со аудио опрема за изведба на матриците од учениците и инструмент пијано за оние кои одбрале пијано придружба.

ВАЖНО

 – Оценувањето на кандидатите ќе го врши стручно жири од областа на музиката.

 – По завршување на аудицијата за најдобар вокал (вокален интерпретатор) од сите пријавени, најдобрите десет кандидати по оценка на жирито  ќе земат активно учество во централната манифестација во месец мај 2014г. во домот на културата ,,Иван Мазов – Климе” каде и ќе биде доделена наградата за најдобар вокал (вокален интерпретатор).

 – Десетте најдобри кандидати на аудицијата  по оценка на стручното жири  за централната манифестација ќе спремаат  програма која ќе биде изготвена од  организаторот под менторство на професорот по музичка уметност од гимназијата и истата ќе биде  реализирана. Со оваа програма секој од десетте кандидати ќе има можност да ги покаже своите вокални и сценски способности со што еден од нив кој најмногу ќе се истакне ќе биде награден со парична награда.

 ПРИЛОГ 2

Аудиција за најдобар рецитатор

Аудицијата за најдобар рецитатор ќе се одржи на 26.03.2014 година (среда) во 12 часот во просториите на Гимназијата Добри Даскалов  Кавадарци

  Право на учество имаат сите ученици од завршните одделенија (VII и VIII одд.) од основните училишта кои претходно ќе се пријават кај нивните наставници по македонски јазик и литература.

  Секој од пријавените кандидати на денот на аудицијата ќе се претстави со песна (задолжителна за сите учесници) Петто писмо од Петре М. Андреевски

   Оние ученици кои ќе влезат во потесниот круг на аудицијата ќе рецитираат песна која ќе им биде доделена на денот на аудицијата.

  По завршувањето на аудицијата најдобрите 7 рецитатори ќе земат учество на централната манифестација во месец Мај 2014 година каде ќе биде доделена наградата за најдобар рецитатор.

 Петто писмо

 (Од циклусот Пет љубовни писма)

 А те барав во учебниците, те барав низ вековите,
во заседите на ветрот, во прангиите на зимите,
во неразбраниот срам на хоризонтот пред зајдисонце,
во неразбирливиот копнеж на ракатката – тутун,
што се дипли и оддиплува меѓу прстите,
во раскуќената светлина од слепите и мртвите,
во рамнотежата меѓу минатите дни и идните ноќи,
во ропството на душата од дувачите на стакло.
Те барав во нагласокот од непознатите јазици,
во отседланите вечери и празните постели сред поле,
во вчудовидената јаглика на увото на билјарките,
во интерпункцијата од говорот на уплаканите деца.
Те барам во жестоката можност за обединување
на мојот раштркан народ,
во стракот киселица, во неупотребениот воздух,
што ги караше и миреше соседните села,
покрај наковалните од жешките и женски пладниња
меѓу овошките упатени кон својата сезонска цел,
во иглата што го зашиваше темното и светлото.
Те барав, наслушнувајќи го подземното тапанче
што беше срцето на успаните жетвари.
Те барав зад небото, во небеските кртечини,
во непрочитаниот струјомер од угаснатата светулка,
во атентатите од моите луѓе на моите луѓе,
во непроучената постојаност на страните од светот,
непроучена, а разбрана како постојана денгуба.
Те барав во незавршениот страв на ѕвездата што паѓа,
не можејќи ништо да допре во просторот.
Те барав, те барав, во сè и сешто,
Те барав, а барајќи можев само да те сретнам,
но не и да те најдам, но не и да те најдам.

  ПРИЛОГ 3

НАЈДОБРА Power Point  или Impress презентација

НА ТЕМА: Промоција на производ

 1. Целта на организирањето на овој натпревар е развивање вештини и знаења кај учениците за дизајнирање и изработка на Power Point или Impress презентација, како и развивање маркетинг способности и вештини кај учениците.

2. На натпреварот можат да учествуваат само ученици од завршните одделенија (седмо и осмо одделение) од основните училишта.

–  Секое училиште може да номинира неограничен број на ученици (индивидуално) и тимови од најмногу 3  ученика за учество во овој натпревар.

–  Сите ученици кои ќе учествуваат на натпреварот треба да изработат Power Point или Impress презентација за промоција на производ по сопствен избор (текстот да биде напишан на македонски јазик), под менторство на нивен наставник и истата да ја одбранат пред Комисија од Гимназијата.

–  Power Point или Impress презентацијата, во електронска форма треба да биде доставена до наставникот по информатика во матичното училиште, кој заедно со податоци на натпреварувачите и нивните ментори, треба да ги испрати на следната e-mail адреса: dobridaskalov@gmail.com најдоцна до 21 Март 2014 година.

– Комисијата ќе го достави прелиминарниот список од десет избрани најдобри апликации и ќе ги извести апликантите на 24 Март 2014 година на мејлот од кој се пратени презентациите. Натпреварувачите (барем двајца доколку е презентацијата резултат на тимска работа) на денот на одржувањето на одбраната, 26 Март  2014 година во 12:00 часот во просториите на Гимназијата, ќе имаат обврска да се појават пред Комисијата и да ги бранат трудовите. Одбраната треба да биде со времетраење од најмногу 15 минути.

– Најдобрите презентации  ќе бидат наградени на централната манифестација во месец мај 2014 година во домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.

3. Критеруими за изработка на презентацијата:

презентација да содржи 7 слајда со различен дизајн;

презентацијата да содржи слики за производот што се промовира, анимации и ефекти;

презентацијата да содржи слоган за производот;

презентацијата да содржи јасна порака;

презентацијата да ги вклучува главните карактеристики на производот што се промовира;

презентацијата  да одговара на целната група.