Контакт семинар во рамките на програмата Комениус


Објавено на: 24.10.2012

Во периодот од 18 до 21 октомври, Зоран Милевски професор по информатика престојуваше во Хершинг, Германија (во непосредна близина на Минхен) на контакт семинар во рамките на програмата Комениус по претходна апликација во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. 

На семинарот присуствувале 58 учесници од 25 земји од Европа, а како претставник од Р.Македонија е нашето училиште.

Komenius-1

Семинарот беше организиран како контакт семинар, кадешто овие 58 земји учеснички имале можност да си изберат и најдат тим со којшто би ги работеле новите проекти.

Секој од учесниците на семинарот со презентации, флаери и национална храна ја претставиле земјата од која доаѓаат, а потоа следувале презентаци и работилници за развивање на проект идеи, работа на заеднички проекти, размена на искуства со сите учесници на контакт семинарот.

                 Komenius-2   Komenius-3

Проф. по информатика Зоран Милевски, оствари значајни средби со учесниците на семинарот, но и договор за мултилатерална соработка на полето на компјутерските науки, меѓукултурни вештини и други области. Покрај стандардната соработка којашто произлегува од овој проект договорена е и интерна соработка со цел за заедничко поврзување и надградување на образовниот процес.

Komenius-9   Komenius-5

Воспоставена е соработка со следните земји: Гермнанија, Италија, Шпанија, Данска, Естонија, Романија, Норвешка и Кипар. Тимовите од овие земји, во следниот период ќе работат на проект под името Европа низ вредности (англ. Europe through values или скратено Etv). Идејата и деталите за проектот се подготвуваат до февруари 2013 година, и потоа доколку е успешна апликацијата, во наредните две години, се реализира проектот со доделување на буџет, претходно дефиниран за таа намена. Предвидена е мобилност помеѓу земјите учеснички. Тоа значи дека професори и ученици ќе патуваат и ќе реализираат 6 мобилности со престој во некои од овие земји. На тој начин се надеваме и ќе се трудиме да ги прошириме нашите знаења, вештини и да се вклучуваме повеќе во европски проекти.

 Komenius-7   Komenius-6

Нашето училиште веќе учествуваше на два семинари од овој тип, во Италија и Велика Британија, секогаш е отворено за соработка, ги следи современите текови, ги имплементира сите новини кои влијаат на подобрувањето на наставниот процес и достојно се претставува на сите државни и меѓународни натпревари.