Крводарителска акција


Објавено на: 03.03.2010

Како и секоја година, така и оваа година учениците од гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци повторно се покажаа многу хумани.


Во училиштето беше реализирана крводарителската акција од страна на Институтот за трасфузиологија од Скопје. За учениците од IV година акцијата беше спроведена на 1.03.2010 година (понеделник), со почеток во 13:00 часот, а за учениците од III година на 2.03.2010 година (вторник) со почеток во 08:00 часот. Крводарителската акција беше многу успешна и позитивно оценета, при што беа собрани 95 крвни единици. Оваа крводарителска акција е втора по ред во оваа учебна година.

Krvodaritelska1
Krvodaritelska2