Крводарителска акција


Објавено на: 23.10.2010

Крводарителството е една од најхуманите и најсолидарните доброволни активности. Во гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, повторно и годинава акцијата за крводарување наиде на голем одѕив кај учениците, кои со доблест ја покажаа својата хуманост на дело за да им помогнат на тие на кои им е најнеопходна крвта.

 

KrvodaritelskaAkcijaNovo 

Крводарителската акција беше реализирана од Институтот за Трасфузиологија од Скопје. За учениците од IV година акцијата беше спроведена на 27.09.2010 година (понеделник), додека за учениците од III година акцијата беше спроведена на 28.09.2010 година (вторник). Крводарителската акција беше успешна и позитивно оценета, со собраните 53 крвни единици.

Непроценливата вредност на човечкиот живот дава јасна слика за скапоценоста на виталната течност – крвта. Крвта е единственото нешто што не се плаќа, што може да се добие од друг човек, затоа што тој бил хуман и сакал  да помогне некому, на кого му е неопходна. Од тие причини дарувајте крв, за да спасите живот, а со тоа и Вие да се чувствувате похумани и поздраво.