Од 5-10 декември е Светскиот ден на стручните училишта.По тој повод на 5 декември се одржа натпревар во Скопје наречен „Лидер во струката”. Овој натпревар е трети по ред. Најпрво се одржа во Кавадарци, па во Гевгелија и сега во Скопје. На натпреваротучествуваа ученици од цела Македонија од економско и од правната струка.Од нашето училиште присуствуваа две ученички и тоа од правната струка ученичките Сакалиева Кристинка и Бошева Душица, а од економската струка ученичката Стојчева Љубица. Ученичката Бошева Душица го освои третото место и за тоа доби диплома, а останатите ученички добија диплома само за учество. Ментори на ученичките од правната струка беа професорите Стојанова Слободанка и Станоевска Љубица, а ментор од економската струка беше професорката Давчева Лоска.