Одржан LVI Републички натпревар по математика
Објавено на: 19.03.2013
На 16.03.2013 година (сабота) со почеток во 10 часот се одржа LVI Републички натпревар по математика за учениците од средното образование. Домаќин на натпреварот беше Машински факултет Скопје. На натпреварот земаа учество 164 ученици. Нашето училиште го претставуваа Ѓорѓи Шемов, ученик во II-3 клас – ментор Силвана Петкова, Ѓорѓи Досев, ученик во III-5 клас – ментор Трајче Петков и Љупчо Петров, ученик во IV-4 клас – ментор Соња Попова. Ученикот Ѓорѓи Шемов освои пофалница, ученикот Ѓорѓи Досев освои III награда и ученикот Љупчо Петров исто така освои III награда.
Повеќе информации за резултатите од натпреварот можете да најдете на веб сајтот на Сојузот на математичари на македонија на овој линк http://www.smm.org.mk/