Во рамките на активностите за одбележување на месецот на Франкофонијата во организација на Францускиот институт во Скопје на 21.03.2015 година (сабота) се одржа ревијалната трка Трчај за Франкофонијата (Cours pour la Francophonie).
Трката во должина од 4 километри започна од Паркот на Франкофонијата (Градски парк-Скопје), продолжи по кејот на Вардар и заврши пред Трговскиот центар Сити Мол.
Ученици, професори по француски и спорт од училиштата од земјава,студенти и пријатели на франкофонијата од 7 до 77 години беа дел од овој прекрасен настан под покровителство на Нејзината Екселенција Г-ѓа Лоранс Оер, амбасадор на Франција во Република Македонија.
Нашето училиште го претставија ученичките Радица Јованова и Живкица Соколова од III 1 и се разбира професорката по француски јазик Светлана Несторова-Мицев. По успешната трка учесниците поминаа прекрасни моменти на дружење со музика и освежителни пијалаци пред трговскиот центар.