Млади репортери за животната средина


Објавено на: 07.05.2017

И оваа година се одржа Интернационалниот натпревар од програмата ,,Млади репортери за животната средина” кој траеше од 15-21.04.2017 година. Програмата Млади репортери за животната средина е интернационална програма на Светската фондација за еколошка едукација (ФЕЕ), која во Македонија е спроведувана од страна на Здружението за едукација комуникација и консалтинг ОХО како дел од програмата Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем.

Учениците се натпреваруваа во три категории и тоа: новинарска статија, фотографија и видео снимка (клип). На натпреварот учествуваа 26 училишта од нашата Република, а во понатамошниот натпревар на Интернационално ниво ќе се натпреваруваат само прво пласираните.

Нашите ученици од Гимназијата ,,Добри Даскалов” под менторство на професор Богде Коцева, учествуваа само во категоријата за фотографија и тоа со 7 фотографии и постигнаа одличен успех: Нела Ќимовска од I-2 Втора награда, третата награда ја делат Анастасија Иловска од I-2, Кристина Станоева од I-3 и Ангела Димитрова од I-3 клас.

Други учесници во оваа програма беа: Мартин Коцев од I-3, Иван Милков од I-3, Ана Илова од I-2 и Моника Митрова од I-2 клас.

На сите ученици им се заблагодаруваме за нивното учество и активност во оваа програма и им пожелуваме уште подобри резултати во иднина, а на наградените им го честитаме успехот.