Мојата идна професија


Објавено на: 29.02.2012

Првата дебата за матурантите од веќе традиционалниот проект Мојата идна професија оваа година ја отворивме со г. Јордан Трајков, генерален директор на винаријата Попова Кула. Дебатата се одржа на 29. февруари 2012 година, во кино-салата на гимназијата „Добри Даскалов“.

Debata_za_maturantite_fevruari_2012_1

Учениците ја наполнија салата до последно место и со тоа ја покажаа нивната заинтересираност и одговорност кога е во прашање нивната иднина.
Господинот Јордан Трајков со кратка презентација мошне експлицитно го прикажа патот до успешен деловен работник. Како искусен човек на ова поле умешно им го пренесе своето предавање на младите и ги поучи како да да се изградат во успешни млади луѓе.

 

Debata_za_maturantite_fevruari_2012_2
Учениците беа одлични слушатели и со голем интерес ја проследија целата дебата. Тоа го потврдија со мошне интересните прашања кои му ги поставија на г. Трајков.

Debata_za_maturantite_fevruari_2012_3
Се надеваме дека оваа дебата е само почеток на соработката меѓу генералниот директор на винаријата Попова Кула, г. Јордан Трајков и гимназијата „Добри Даскалов“.

{qtube vid:=kDx0nHBwKDA}

Плакат од дебатата можете да погледнете тука