Мојата идна професија – Како да станеш правичен и ценет судија
Објавено на: 15.03.2012
Како втор гостин во проектот „Мојата идна професија 2012“ беше поканет Д-р Лазар Нанев, судија во Основен суд – Кавадарци. Дебатата се одржа на 09.03.2012 година во кино-салата на гимназијата „Добри Даскалов“.
Присутните во голем број со интерес го следеа излагањето на г-дин Нанев, посебно учениците од правната насока кои себеси се гледаат како идни правници, судии, адвокати.
Нанев им го пренесе своето искуство и им го покажа патот кон правичен, успешен и признат судија, кој пред се, рече Нанев, за да биде успешен треба да биде почитуван од сите и да го ужива угледот.
Патот кон успехот ќе биде сигурен само ако постојано се вложува во своето знаење и човек никогаш не застанува со учењето.
Плакат од дебатата можете да погледнете тука