Гимназијата „Добри Даскалов“ редовно го следи времето на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието. Притоа професорите се секогаш подготвени да ги дочекаат и прифатат промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.
Од друга страна, соработката на професорите со ученците не завршува откако тие ќе ги напуштат училишните клупи, па затоа на 18 март 2014 година по иницијатива на професорот по информатика Зоран Милевски, а во договор со директорката на гиманзијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, за време на часовите по програмски јазици се одржа предавање на тема „Моќта на програмирањето“ за учениците од IV година – ПМА подрајче. Предавањето се реализираше во соработка со наши поранешни ученици, сега студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженесрство – ФИНКИ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Лазар Николов, студент во прва година и Роберт Марковски, студент во втора година, несебично ја прифатија поканата за одржување на еден несекојдневен настан кој што имаше за цел да им овозможи на учениците од IV година – ПМА подрајче, да добијат „пресни“ информации за тоа какви се сега размислувањата на нивните соученици, кои пред многу краток период биле матуранти.
Гостите-предавачи, го искористија времето на двата часа по програмски јазици да им презентираат на учениците за тоа што значи да се програмира и им покажаа на учениците за поврзаноста на материјалот кој што го изучуваат по предметот програмски јазици, како основен концепт при програмирањето, со практични апликации кои што тие ги имаат изработено.
Лазар Николов ја презентираше својата мобилна апликација Pocket Formulas која што може да се инсталира преку Google Play на следниот линк. Pocket Formulas им помага на сите оние ученици, студенти, кои решаваат математички задачи со тоа што им дава преглед на готови формули кои што им се потребни за решавање на една задача.
Роберт Марковски, презентираше за тоа колку е голема потребата учениците да бидат запознати од одредени злонамерни алатки и како да се заштитат од нив. Една од тие т.н. keylogger, програма која испрограмирана во C++ програмсиот јазик, може се искористи и намени за собирање на кориснички податоци (корисничко име и лозинка) од социјални мрежи, email, кориснички сметки во банки и сл. Додека пак фишинг (англ.phishing) нападите кои што функционираат на истиот принцип, можат да го излажат корисникот со аветнтичен дизајн за некоја веб страница, па исто да ги украдат корисничките податоци. Потребата за презентација на претходното е важно бидејќи доколку не знаеме дека нешто може да ни наштети, тогаш секако дека нема да знаеме како да се заштитиме од тоа.
Ваквиот пристап и презентација пред учениците се покажа како интересна идеја, се реализира час којшто беше многу продуктивен. Покрај тоа што слушателите ги збогатија своите знаења за тоа која е моќта на програмирањето, за наставната едница која што ја изучуваат по предметот програмски јазици, тие ја искористија оваа прилика и да ги прашаат гостите околу некои нејасни прашања за нивното идно запишување на факултет и насоките коишто се нудат и се најинтересни.
Дополнителни предлози и комуникација ќе се извршува на системот за е-учење Moodle.