МУЛТИКУЛТУРНО ОПШТЕСТВО И РОДОВА ЕДНАКВОСТ – РАБОТИЛНИЦА ВО СОУ ГИМНАЗИЈА “ДОБРИ ДАСКАЛОВ” КАВАДАРЦИ

На 25 септември 2025 година, во организација на здружение за родова еднаквост “Визија” во нашето училиште СОУ Гимназија “Добри Даскалов” Кавадарци се одржа работилница на која беа разработени темите за мултикултурно општество, толеранција и родова еднаквост. На работилницата присуствуваа ученици од прва до четврта година кои активно учествуваа во дискусијата и ги изразија своите ставови. Беше ставен акцент на тоа да учествуваат ученици од двата пола, со цел учениците јасно да ја увидат еднаквоста меѓу нив. Претставниците од организацијата за родова еднаквост “Визија” им објаснија на присутните ученици што се стереотипи и предрасуди и како тие успешно да бидат спречени. Преку спроведените активности гимназијалците успешно покажаа дека во нивното училиште постои еднаквост и толеранција. Ова е уште еден доказ дека во СОУ Гимназија “Добри Даскалов” Кавадарци владее пријатна и безбедна атмосфера за учење и дружење.
Благодарност до здружението за родова еднаквост “Визија” за спроведената работилница и за учениците кои беа активни учесници во неа.