На 21- Март се одбележува ,,Денот на пролетта“, а воедно и „Денот на екологијата“


Објавено на: 23.03.2022

Нашите ученици го одбележаа овој значаен датум со изработка на пано кое е поставено во училишниот хол. На паното има цртежи и пораки со кои учениците сакаат да алармираат за заштитата на нашата животна средина, а со тоа и да ја разубават природата и да го одбележат првиот ден на пролетта .

За одбележувањето на „22 Март- Светсиот ден на водата “ учениците подготвија  слична таква  активност односно изработка на пано со цртежи, слики и пораки.

Овие активности ги изработија учениците од I година и учениците од III-3 клас,под менторство на : Елизабета Иговска- проф. по биологија, Богде Коцева -проф. по биологија и Јасминка Ризова –педагог.

Заедничката порака на сите ученици е:

Како да ја заштитиме и зачуваме природата, како да ги зачуваме природните ресурси кои се основа за подобар и поздрав живот на сите популации.