Најубав подарок за класната
Објавено на: 09.03.2012
Учениците од II-1 клас на својот класен раководител Ристенка Јосифова по повод празникот 8ми Март и приредија пријатно изненадување – еден час со програма што ја подготвија тие самите. Клавир, гитари, песни, насмевки и ветување дека ќе бидат уште подобри во остварувањето на нивните училишни обврски.
Кој класен раководител би останал рамнодушен на овој најубав подарок од своите ученици?