Највисока награда за ангелскиот глас на гимназискиот хор

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ има долга традиција во натпреварите во хорско пеење. Многубројните награди кои ги красат нејзините простории зборуваат за големиот труд, за часови напорна работа , за желба да се биде меѓу најуспешните. Секоја награда, секое признание е своја приказна, еднакво важна и секогаш поздравена, остварен сон….и копнеж да се пренесе мајсторството на генерациите кои доаѓаат.

Салата на Домот на културата„Иван Мазов-Климе“ на 24 и 25 мај 2014 година, на едно место ги собра детските и младинските хорови на републички натпревар.Секој хор се претстави пред присутните и стручното жири.

{qtube vid:=GPifrCO5Mr8}

СОУ Гимназија„Добри Даскалов“ со женскиот хор под менторство на професорот по музичка уметност Златко Смилевски настапи со одбрани музички нумери. Големата професионалност, дисциплината и владеењето на хорските техники беа обележје на овој хор.Никој од присутните не остана рамнодушен на ангелскиот глас на младите гимназијалци.Одлично сработената работа на учениците и менторот им го донесе првото место во голема конкуренција на овој републички натпревар.

Оваа награда е подеднакво значајна за хорот и училиштето затоа што е успешно продолжување на традицијата.Честитки за трудот,вербата и признанието!

{qtube vid:=HUE34hMFic4}