Наградени ученици без изостаноци во месец октомври со посета на филмот Врба од Милчо Манчевски


Објавено на: 07.12.2019

По повод месец октомври,прогласен во училиштето како месец без изостаноци,ученици од Гимназија ,,Добри Даскалов,, беа наградени со бесплатни карти за филмот Врба на нашиот познат режисер Милчо Манчевски .Проекцијата на филмот беше во Домот на културата,,Иван Мазов Климе,, во Кавадарци на ден 04.12.2019год.
    Наградени беа 189 ученика,а нив ги придружуваа и 15 професори.Овој настан беше вистинска можност учениците да го погледнат последното остварување на Манчевски.Филмот има добиено многу позитивни критики.Пасторална,митолошка и современа размисла за застрашувачката потреба да се биде мајка или татко,со ислучителна глума и режија.