Наградените ученици од конкурсот „Бидете секогаш со најдобрите“ во Стоби


Објавено на: 20.06.2014

Завршниот дел од проектот за промоција на училиштето „Бидете секогаш со најдобрите“ се реализира со наградата од Градоначалникот Александар Панов: Посета на археолошкиот локалитет Стоби и заеднички ручек во винаријата Стоби. Наградените ученици во своите категории од Кавадарци, Росоман, Демир Капија и Неготино заедно со нивните ментори поминаа едно несекојдневно дружење во прекрасниот амбиент на винарија Стоби, каде меѓу учениците се родија нови пријателства, а менторите разменија искуства и ја поздравија иницијативата на директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова за ваков тип на промоции преку конкурси на различни теми, аудиции, дружење, запознавање…

IMG 20140619 111937

IMG 20140619 115415

Со овие активности успешно беше заокружен проектот проектот за промоција на училиштето „Бидете секогаш со најдобрите“. Посебно не радува и поголемиот одзив на ученици од година во година и нивната желба да бидат ученици во гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци.

IMG 20140619 113615

IMG 20140619 112005

IMG 20140619 124829