На 24.12.2014 година во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков-Мисирков“ беше одбележана 60 годишнината од формирањето на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература. На свеченоста беа доделени признанија на 30 професори од основни и средни училишта во Македонија за посебен придонес и за афирмација на македонскиот стандарден јазик и за учество и постигнати резултати на државни натпревари по предметот македонски јазик и литература. Од нашата гимназија беа наградени професорите Кочо Кочов и Ристенка Јосифова.
Ова е значаен успех за гимназијата која има освоено најголем број награди од овие натпревари во последните десет години.