1

Наноматеријали – Државен натпревар

Државниот натпревар „Наноматеријали-материјали на иднината“ се одржа на 29 и 30 март 2014 година во Струга.

Натпреварот беше во организација на Технолошко-Металуршкиот факултет од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје под покровителство на Министерот за образование и наука на Р.Македонија.

1

На натпреварот учествуваа 26 тима од Р.Македонија заедно со нивните ментори и директорите на средните училишта. Присуствуваше и директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова.

Од нашето училиште учествуваше Стефан Попов ученик во III-1 клас под менторство на проф. по физика Кристина Крстева, којшто на Регионалниот натпревар го освои третото место.

2

3

На почетокот деканот на Технолошко-Металуршкиот факултет одржа пригоден говор и на учесниците им посака успех во презентирањето. Комисијата беше составена од 10 професори од Технолошко-Металуршкиот факултет.

Ученикот Стефан Попов ја обработи темата „Паметни материјали – Нитинол“. Презентацијата беше одлично изведена. Беа запазени сите елементи, времетраењето на презентирање и точното одговарање на 3-те прашања поставени од комисијата.

4

На сите учесници им беа поделени сертификати за учество, а на победниците и дипломи за освоено место.

Директорката Невенка Поп-Ангелова на сите учесници на Регионалниот натпревар од нашето училиште и нивните ментори им ги врачи сертификатите и дипломите, а воедно на сите им посака и понатаму да бидат активни и истражувачки насочени во областа Наноматеријали-материјали на иднината.

5