Недела на еколошки акции
Објавено на: 09.04.2019
По иницијатива на директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, од 18 до 22 март 2019 година, во училиштниот двор се реализираа низа еколошки акции за чистење.
Овие акции се реализираа секој ден во двете смени заедно со учениците и наставниците, како и помошно-техничкиот персонал во училиштето.
Еколошките акции опфаќаа: собирање на суви листови, чистење на дворот од суви и искршени гранки, изнесување и фрлање на сметот од училишниот двор и фарбање на оградата околу училиштето.
Учениците под менторство на наставниците примерно и одговорно ги реализираа задачите кои произлегуваа од еколошките акции.
Во спроведувањето на активностите ни помогнаа и претставници од ЈП Комуналец Кавадарци кои донесоа метален контејнер за соборање на сметот.
Во склоп на еколошките акции, активно беше одбележан и 21 март, Денот на екологијата. Учениците покрај чистењето на училиштниот двор, направија пано со пораки, слики и текстови за зачувување и одржување на чиста животна средина. Исто така, на овој ден беше засадено и зимзелено дрво кое беше донација за училиштето од компанијата Пинус ДООЕЛ од Кавадарци.
Во овие еколошки акции учествуваа учениците од: 1-5 клас, 1-6 клас, 1-7 клас, 2-1 клас, 2-2 клас, 2-3 клас, 2-5 клас, 2-6 клас, 2-7 клас, 3-2 клас, 3-3 клас, 3-4 клас, 3-5 клас и 4-6 клас, под менторство на наставниците: Богде Коцева, Јасминка Ризова, Елизабета Иговска, Татјана Ралевска, Александра Ристова, Блашко Клинчаров, Кочо Кочов, Ѓорѓи Велков и Гордана Еленова.
Голема благодарност до сите учесници кои беа вклучени во еколошките акции и истите допринесоа за почиста училишна средина и поубав училишен двор.
Овие акции продолжуваат и понатаму да се реализирааат секој ден заедно со учениците и од другите паралелки, се со цел подигање на еколошката свест и создавање навики за правилно однесување кон природата.