Нови работилници и споделено искуството стекнато на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија


Објавено на: 16.03.2019

На 14.03.2019 година се реализира уште една follow-up работилница во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци.

Работилниците следат по реализираната 9-та по ред размена на наши ученици во Швајцарија кои во периодот од 04.12.2018 до 19.12.2018 година, учествуваа на интеркултурната размена во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија.

Учениците учесници во размената Вероника Каровска, Драган Андреевски, Ѓорѓи Ѓиков, Иван Јосифов, Мартин Коцев, Марија Ристова, Марија Глигорова и Пане Досев и супервизор проф. по информатика м-р Зоран Милевски, пренесоа знаење и искуство кое што го стекнаа во Швајцарија на ученици од трета година од нашата гимназија.

Photo 3-15-19 13 16 07 1-min

Photo 3-15-19 13 36 31-min

Работилницате се реализираа во позитивна атмосфера, преку различни техники и игри учесниците научија како да преминат преку неуспех, како да ги почитуваат нивните вредности, дојдоа до заклучок дека треба да ја почитуваат својата личност, и сето тоа проследно со тимска работа.

Photo 3-15-19 13 12 41-min

Photo 3-15-19 13 26 34-min

Photo 3-15-19 13 26 44-min

Photo 3-15-19 13 36 41-min

Photo 3-15-19 13 20 04 1-min

Photo 3-15-19 13 20 11-min  Photo 3-15-19 13 20 24-min