Новини во Гимназијата
Објавено на: 24.03.2011
Софистицираниот и нов изглед на делови од внатрешниот простор на Гимназијата е резултат на неодамнешната реконструкција. Всушност, со ребалансот на буџетот на локалната самоуправа, за Гимназијата беа одобрени средства кои со предлог финансовиот план за 2009/2010 г. се наменија за реновирање на административниот дел.
Овие средства помогнаа да се направат бројни промени коишто секако позитивно ќе влијаат за подобрување на условите за работа на вработените во гимназијата. Најпрвин, се заменија старите прозорци и врати и се направи реконструкција на главниот влез. Холот на училиштето е реновиран и проширен, и треба да се заокружи со одредени детали. Тука се можни и предлози од учениците, со цел и тие директно да се вклучат во осмислување на нивниот училишен простор (доуредување со слики, цртежи, лични ученички творби и сл.). Променети се прозорците и подот во наставничката канцеларија, канцеларијата на директорот, канцеларијата на секратарот и во чајната кујна за наставниците. Од голема важност е и новиот, посебен дел за архивирање на документите од трајна вредност, како и новата издвоена просторија за прием на родители.
Исто така и делот од покривот кој при посилни дождови создаваше проблеми и претекуваше во канцелариите во административниот дел, успешно е поправен. Целиот стар мебел во наставничката канцеларија, канцеларијата на директорот и во чајната кујна е оплеменет со дополнување на нови елементи (маси, столчиња, работни маси и сл.) Од добиениот буџет се издвоени средства и за покривање на дел од училишнот двор од страната од која влегуваат учениците и е во план што е можно поскоро да се направи. Останатите средства беа наменети за варосување, новото осветлување и сл.
Со ова нашата гимазија доби еден сосема поинаков, современ и свеж изглед. Во оваа реконструкција партиципираа и учениците кои добија несекојдневна можност да се истакнат со своите творби, уметнички слики и сл. Ваквата промена дозволува поуспешно соработување и учење, како и достоен прием и соработка во еден модерен и европски амбиент.