Новогодишен базар


Објавено на: 30.12.2014

На 26 декември 2014 год. (петок) во холот на гимназија Добри Даскалов се реализира активност Новогодишен базар од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“.

PC260385

PC260348

Учениците од II и III година во рамките на проектната активност по Иновации и претприемништво со голем труд и посветеност изработија новогодишни украси и предмети од достапни материјали. Рачно изработените предмети беа изложени на штанд во холот на училиштето. Оригиналните креации на учениците привлекоа внимание и восхит од родителите и наставниците и скоро веднаш беа продадени. Со парите од продадените ракотворби ќе се спроведе хуманитарна акција.

IMG 20141121 134642

IMG 20141121 134705

PC260354

Среќни новогодишни и божиќни празници!!!