Посетата на Дневниот центар за децата со посебни потреби стана традиција за младите гимназијалци пред новогодишните и божиќните празници. Дарувајќи дел од своето срце и дел од своите таленти на овие деца им подарија љубов, внимание, насмевки и топлина. Во месец декември учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ спроведоа хуманитарна акција и со собраните средства купија пригодни новогодишни подароци кои предизвикаа голема радост кај децата со посебни потреби од нашиот град.Учениците прочитаа текст за Дедо Мраз, изведоа балетки точки од театарската претстава „Сон на летната ноќ“и неколку песни во придружба на гитари од училишниот оркестар. Радоста на детските лица беше најубава глетка тој ден.Продолжија со убавата дружба што предизвика топлина во сите срца.